Поранешен командант во логорот на УЧК пронајден мртов: Беше на списокот на сведоци на судот во Хаг

Фадиљ Суљевиќи, кој беше на списокот на сведоци на Специјалното обвинителство во Хаг и чие тело беше пронајдено денес кај езерото Бадовац во близина на Приштина, порано беше командант на нелегалниот затвор во близина на Матичан, каде беа затворени Србите.


Суљевиќи е по потекло од Медвеѓа и како што своевремено објави Здружението на киднапирани и исчезнати лица од Косово и Метохија, тој командуваше со нелегалниот затвор во близина на Матичан, во кој имаше околу 300 приведени Срби, јави Танјуг.

Србија пред повеќе години издаде потерница за него преку Интерпол, објави Косово онлајн.

Косовската полиција објави дека денес добиле дојава дека телото на непознат маж, кој подоцна бил идентификуван како Фадиљ Суљевиќи, се наоѓало на патот што води кон езерото Бадовац.


Полицијата веднаш излезе на местото на настанот, контактираше со членовите на семејството на тоа лице и ги повика државниот обвинител и екипите за итна медицинска помош, изјави портпаролот на косовската полиција, Бајрам Красниќи.


Засега нема повеќе информации за тоа дали и за кои предмети Суљевиќи е сведок во некое од обвиненијата против поранешните команданти на ОВК кои беа уапсени и се наоѓаат во Хаг или беше на списокот на Хаг за други случаи



извор: vocentar.com


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum