Полицијата го бара Агим Исмаиловиќ еден од обвинетите за случајот „Монструм“, потврдуваат од МВР

За него и за Фејзи Азири обвинителката Фатиме Фетаи побара притвор поради тоа што постапката е при крај. Наместо да бидат задржани во судот додека да одлучи кривичниот совет по барањето на обвинителството, тие си заминале. Оттогаш според информациите му се губи секаква трага на Исмаиловиќ. Известени сме од судот и преземаме мерки за пронаоѓање на лицето, велат кратко од МВР. Исмаиловиќ е еден од обвинетите за петкратното убиство што во 2012 година беше извршено кај Смилковското езеро. Мерки на претпазливост обвинителството побара и за Хаки Азири, односно наместо како досега два пати неделно да се пријавува во суд, тоа да го прави секој ден.

извор: kanal5.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum