ПОДЕМ: Битолското лизгалиште годинава дислоцирано по битолските улици и тротоари

Неспособноста на локалната власт и јавните претпријатија во Битола под закрила на Наташа Петровска доживееја фијаско во извршувањето на нивната законска обврска – чистење на снегот од јавните површини најдоцна во рок од 6 часа од почетокот на снежните врнежи. Во ваква елементарна непогода општината беше, и е должна да ја договори и ангажира механизацијата и на приватните компании со цел побрзо и навремено расчистување на снежните наноси кои го отежнаа движењето на граѓаните и го оневозможија извршувањето на секојдневните работи.
На повредените граѓани кои добија скршеници од мразот по јавните површини им порачуваме, согласно Законот за јавна чистота да го искористат своето право и со соодветна документација да ги тужат надлежните органи задолжени за реализација на програмата за зимската служба на територија Битола.
