Почина Богдан Маковеј, тренерот кој ја однесе Македонија до 7. место на СП

Во Романија на 67-годишна возраст почина Богдан Маковеј, име кои е силно врзано за историјата на македонскиот ракомет, личност која и тоа како многу ја задолжи македонската ракометна игра.


Маковеј ќе остане запаметен како селекторот кој го приреди најголемиот успех на македонскиот женски ракомет, носејќи ја селекцијата до 7. место на Светското првенство 1997 во Германија. Во тој период, како тренер на Кометал Ѓорче Петров успеа да стигне и до четвртфиналето во Лигата на шампионите.


Богдан Маковеј во сезоната 2001/02 како тренер на Пелистер дојде и до финалето на ЕХФ Челинџ купот, за првпат во историјата на битолскиот клуб.



извор: ekipa.mk курир.мк

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum