По серијата неуспеси со корона кризата, оставка си даде националниот координатор за здравство

Гоце Чакаровски си поднел оставка од функцијата национален координатор за здравство во Владата.


Во решението што било донесено на владината седница одржана на 22 мај се вели дека поранешниот заменик-министер за здравство сам побарал да биде разрешен.

Функцијата на Чакаровски завршува на 31 мај, а решението веќе е објавено во Службен весник.


Тој беше заменик министер за здравство до јуни 2018, а потоа битолчанецот стана Национален координатор за здравство како дел од владината реконструкција.

Чакаровски е специјалист по гинекологија и акушерство.


Тој е кадар на СДСМ уште од 2009 година.

извор: faktor.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum