По примерот на Амстердам, Заев најави легализација на марихуана во угостителството

Премиерот Зоран Заев најави нов економски пакет, кој вклучува и декриминализација и легализација на марихуаната во туристичките места, во интервју за македонската редакција на „Дојче Веле“.


Заев смета дека декриминализацијата и легализацијата на марихуаната може многу да им помогне на туризмот и угостителството.

-Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата постојни и нови, со почитување на одредени стандарди- вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив, вели Заев во интервјуто, додавајќи дека планот е да биде контролирано на сличен начин како во Амстердам.

Премиерот вели дека стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира.

-Верувам за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места, вели Заев.

EДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА КАНАБИС ВО СВЕТОТ, БИГ МАЈК, БЕШЕ ОФИЦИЈАЛЕН ГОСТИН НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ВО ВЛАДАТА

извор: lider.com.mk
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum