По два века отворен гробот на Исус: Погледнете како тоа изгледаше! (ВИДЕО)

За прв пат во последните два века, научниците го отворија местото за кое христијаните веруваат дека е гробот на Исус Христос во црквата на Светиот гроб во Ерусалим.


Поминаа четири години откако конзерваторите за прв пат го отворија Исусовиот гроб по повеќе од два века.


Гробот на Исус, односно неколку метри висока и широка мермерна плоча, веќе неколку години е заштитен од распаѓање со метална конструкција. Во него се собрани мермерни блокови кои се распаднати од времето и влијанието на илјадници аџии и туристи.


Фотограф од агенцијата АФП сведочи за дел од историските дела и го фотографирал местото каде се верува дека има карпа под која било положено телото на Исус во 33 година. Мермерната плоча што ја покрива гробницата е преместена и три дена се вршело реставрација и археолошка анализа врз неа.

Тоа било прв пат мермерната плоча да биде поместена од најмалку 1810 година, кога биле извршени последните градежни работи поради пожарот во базиликата, а можеби дури и порано, вели отец Самуилио Егојан од Ерменската црква, која управува со базиликата.


Сликата на Исус може да се види во тесниот дел од просторот под поместената плоча.

Пронајдени се некои материјали кои се анализирани. Грчки експерти биле задолжени за реконструкцијата, а целиот процес за потребите на документарниот филм го снима National Geographic.

-Отворањето на гробницата ќе им овозможи на експертите единствена можност да ја испитаат оригиналната позадина на најсветото место во христијанството“, објави тогаш медиумската куќа.


-Морам да признаам дека ми се тресеа нозете- рече Фред Хиберт, постојан археолог на списанието.


Едикулата и внатрешната гробница во моментот се во процес на реставрација која ја врши тим научници од Националниот технички универзитет во Атина, под водство на проф. Антонија Моропулу. Анализата на карпата би можела да им помогне не само подобро да се запознаат со првичната форма на погребната комора, туку и како еволуирала во централно место за обожување и почит откако била откриена од Елена, мајката на римскиот император Константин во 326 г. н.е.


Заменети се само екстремно слабите или скршени делови, а мермерните плочи беа исчистени и врз нив била извршена конзервација. Сето ова е финансирано од трите главни христијански деноминации што ја водат базиликата на Светиот гроб (католици, православни и ерменски христијани).

Базиликата на Светиот Гроб во стариот дел на Ерусалим/Фото: EPA/JIM HOLLANDER


извор: slobodenpecat.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum