Платата на премиерот Заев намалена за 348 денари

Владата ги објави платите на премиерот, вицепремиерите и министрите во новиот мандат. Претседателот на Владата, Зоран Заев, добива 87.813 денари, што е за 348 денари помала од таа што му беше пред изборите.

Премиерот Зоран Заев, кој минатиот мандат имаше помала плата од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, сега има најголема. На второто место е Спасовски со 85.113 денари. Неговата плата е скратена за 7.186 денари. Во минатата Влада, доколку не се смета вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој повеќе не е дел од истата, на трето место беше министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Овој пат на таа позиција е Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, со 74.273 денари.

Шекеринска сега е на четвртото место со 72.989 денари, што е помалку за 6.161 денар во однос на претходната. На петата позиција е Ирена Стефоска, министерката за култура, со 72.670 денари.



извор: lider.com.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum