Писателот Зоран Пејковски добитник на „АНТЕВ ЗЛАТНИК“ за збирката песни „Остров во окото“

Зоран Пејковски: Сите Вие, кои сте моја поддршка, повторно во духот и моќта на македонската поезија, сакам да ве информирам дека на 13-ти септември во рамките на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски-Антево перо“ во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски ја добив наградата „АНТЕВ ЗЛАТНИК“ за збирката песни „Остров во окото“.


Па според одлуката и образложението на жири комисијата: „Поезијата на Зоран Пејковски, можеби од сите пристигнати ракописи најмногу потсетува на темелната поетска опсесија на Анте Поповски: прапочетокот, праматеријата и прамакедониумот. Тоа е густа, архетипска поезија за Македонија како синоним за источник на писмото, меморијата и цивилизацијата. Станува збор за оформен поет кој е константа на нашата поетска реч“....


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum