ПЕТРОВ: Македонија ја направивме привлечна за странци и за доселување на дигитални номади

Создаваме услови со кои земјава ќе стане атрактивна дестинација за дигитални номади, изјави денеска директорот на Фондот за иноваци и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров.

– Една од главните стратешки цели на новоформираниот Стартап совет на ФИТР ќе биде креирање на долгорочна стратегија за привлекување на дигитални номади во С. Македонија. Создаваме услови со кои земјава ќе стане атрактивна дестинација за дигитални номади. Ќе бидеме една од ретките земји која на претприемачи од странство ќе им понуди можност да се преселат и да работат од овде. Овие луѓе ќе донесат позитивен ефект за локална економија и отворени шанси за соработка и вмрежување со македонските стартапи, вели Петров.

Тој додава дека „се повеќе развиени земји го стимулираат дигиталното номадство“. Засега меѓу најатрактивните земји за дигитални номади се Естонија, Тајланд, Кипар, Норвешка, Португалија, Велика Британија и други.


извор: denesen.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum