Петиција за отворање на студентскиот дом во Охрид

Студентските домови се затворени поради настанатата криза во државата од коронавирусот. Со закажаните колоквиуми и испити на сите факултети низ државата, студентите кој не престојуваат во градовите каде што им се факултетите имаат голем проблем во врска со патувањето секој ден за да полагаат, како за безбедносни причини, така и за финансиски.


Студентите кој се запишани на факултет во Охрид, покренаа своја петиција со собирање на потписи за да се отвори студентскиот дом во Охрид бидејќи тие велат се изложени на поголем ризик доколку секојдневно патуваат со автобус да одат за полагање на испити.


„Ние студентите кои што сме сместени во студентскиот дом ДСД Никола Карев практично остануваме без покрив над главата во време кое што бара наш престој во градот во кој што студираме. Со одлуката на Министерството за образование, за иселување од студентските домови чувствуваме дека сме обесправени во време кога и покрај јасните опасности од нашиот престој во градот ние мораме да дојдеме и да ги полагаме нашите испити и колоквиуми, коишто во некои случаи се случува да се неколку дена по ред.Во ова хаотично време сметаме дека ние како студенти коишто студираат надвор од местото на живеење, не можеме да патуваме секој ден до градот во кој студираме(во случајов Охрид), исто така со нашето секојдневно патување по автобусите да се изложуваме на поголема опасност од изложеност на вирусот.Сметаме дека студентскиот дом ДСД Никола Карев, како и останатите студентски домови во државата треба да бидат отворени за наш престој.Исто така бараме да бидат отворени. Поддржете не и потпишете ја петицијата. Ви благодариме.“ - стои во соопштението од студентите кој престојуваат во студентскиот дом ДСД Никола Карев.

Доколку сакате да му бидете поддршка на студентите со потпишување на нивната петиција, кликнете тука.



29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum