Пет дена Битола окована во мраз а градоначалничката Петровска во внатре партиска борба за функција


Пет дена Битола окована во мраз затоа што фокус на Петровска е нејзината борбата за втор мандат или обезбедување на друга повисока партиска функција

Денес на седница на Советот на општина Битола, Координаторот на советничката група во име на советничката на ВМРО ДПМНЕ поднесе барање за донесување на заклучок со цел за утврдување на причините за нефункционирањето на зимската служба. Битола го има најнеспособниот градоначалник и благодарение на неа оваа зима го имаме најкатастрофалното функионирање на зимската служба, граѓаните во пошироката јавност треба да го знаат следното:

Согласно програмата за фунционирање на зимската служба имаме улици од 50 км од прв приоритет, втор приоритет 18км и трета категорија рурални населени места.

За оваа година беа предвидени 16 градежни машини плус 7 дополнителни по потреба, меѓутоа реалноста е сосема поинаква и заради задоцнетата испорака на песок-ризла истата не беше соодветно складирана и поради ниските температури не можеше да се употребува и наместо 16 машини во еден момент немаше повеќе од 7 машини. Поради целата оваа ненавремена реакција градот беше блокиран а на повисоките места како Буковски ливади, Брусничка и Баир граѓаните не беа во можност да ги користат сопствени возила и јавен превоз ниту такси превоз, затоа што превозниците не се обраќаа.


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum