Пендаровски наместо на Чешка го честиташе Денот на независноста на Чехословачка

Претседателот Пендаровски денеска на неговиот официјален твитер-профил, двапати се обиде да му го честита национален празник на чешкиот претседател Милош Зема, и не само што ја згреши  државата туку и двапати означи (погрешни) лажни профили.


Во првиот обид, Пендаровски го честита Деност на независноста на Чехословачка, држава која не постои од 1993 година. Покрај тоа, Пендаровски ја пратил пораката до профилот @MilosZeman, кој е лажен профил неактивен од 2012 година.

Во вториот обид, Пендаровски честита на @CzechPresident, лажен профил на чешкиот претседател, што јасно се гледа доколку се отвори профилот.

Двата твита подоцна беа избришани од официјалниот профил на претседателот Пендаровски, но гафовите не останаа незабележани ниту од корисниците на социјалната мрежа меѓи кои и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.


Глуп и поглуп 3-ти дел: Пендаровски му честита празник на претседателот на Чешка во твит. Ништо необично нели? Аха да. Наместо чешкиот претседател пинга некој рандом трол. Јавноста забележува, тивко го брише првиот твит и уште еднаш честита – повторно пинга погрешен твитер корисник!, напиша Николоски.

извор: lider.com.mk
83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum