ПЕЦЕ МИЛЕВСКИ: ЗАЕВ БИТОЛЧАНИ КАЗНУВАЛЕ, ЌЕ КАЗНУВААТ И ЗА КРИМИНАЛ И ЗА ПРЕДАВСТВО!


Претседателот на ВМРО ДПМНЕ во Битола Пеце Милевски се обрати со прес-конференција по повод посетата на премиерот Зоран Заев во Битола.


ЗАЕВ, БИТОЛЧАНИ КАЗНУВАЛЕ, ЌЕ КАЗНУВААТ И ЗА КРИМИНАЛ И ЗА ПРЕДАВСТВО!


За многу години денешнов празник и нека ни е на помош !

„Злосторникот се врати на местото на злосторот“

Тој кој го потпиша најголемото предавство во Преспа, вчера се шеташе низ Преспа.

Во Битола денес на гости е најголемиот „патриот“.

Истиот тој кој отиде меѓу нашинците во Мала Преспа, а од сите наши се откажа.

Тој кој зборува за Македонски јазик, а докажа дека никој од светите Кирил и Методиј, Климент, Наум не му се свети.

Тој! Заев - е денес во Битола.

Господине Заев, зошто денес сте во Битола?

За празните ветувања за десулфуризација, еколошки дозволи, филтри на оџаците како крајно решение на проблемот со загадениот воздух што сеуште го дишат битолчани?

Нешто, за што Вашиот Ковачевски пред РЕК Битола, деноноќно се сликаше лажно загрижен за здравјето на битолчани, а всушност есапеше со денешниот директорлук - ГИ ЛАЖЕШЕ БИТОЛЧАНИ? И ете бидна директор ама трите блока на РЕК од тогаш никако не профункционираа истовремено!

Дали по обиколката на Преспанското езеро констатиравте дека сите хидро системи годинава ги пресушивте?

А денес дојдовте да видите за уште колку работни минути на електраната има јаглен на депонијата?

Или можеби дојдовте да проверите колку заработиле фирмите на Вашата „расплакана“ фамилија во РЕК Битола во најлошата економска година од постоењето на самостојна МАКЕДОНИЈА.

Не јас, народот е тој што Ве прашува. Одговорете! Но едно е јасно битолчани казнувале, ќе казнуваат и за криминал и за предавство



29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum