Пеце Милевски, нов претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Со одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на седницата која се одржа доцна синоќа за нов претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола е назначен Пеце Милевски.
Милевски и долгогодишен член на партијата, во која извршувал голем број на партиски функции, бил советник во Советот на Опптина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, а еден мандат и претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Милевски беше дел од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.