ПАРТИЗАН, ПРЕТСЕДАТЕЛ, ЗАТВОРЕНИК, МАЧЕНИК ЗА МАКЕДОНИЈА, НА ДЕНЕШЕН ДЕН Е РОДЕН МЕТОДИЈА АНДОНОВ


Методија Андонов Ченто е олицетворение на цела една генерација Македонци кои не престанале да живеат и работат за независна, смаостојна и обединета Македонија во нејзините етнографски граници.


Методија Андонов Ченто е роден на 17 август 1902 година во Прилеп во типично работничко Македонско семејство кое живее под жезлото на заедничката држава Кралството СХС.  На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова.


Од угледен граѓанин во Прилеп кој имал свој приватен бизнис, преку врвиците на тогашната единствена револуционерна сила која се спротивставувала на политиките на кралот-Комунистичката партија, преку голготата на партизанското движење, Претседателствувањето со АСНОМ, прогонот и затворот на тогашните режимски инструменти на моќ во Македонија, Методија Андонов Ченто никогаш не престанал да сонува за обединета Македонија. Македонија во која Македонците ќе бидат свои на своето.

Поради таа своја прекалена борба која ја водел целиот свој живот на 19 август 1946 година бил осуден на 11 годишна казна од страна на Панта Марина (претседател) и Лазар Мојсов и Коле Чашуле.


Одлежал 9 тешки години во затвор. Иако му било нудено од страна на режимските власти да признае и да се покае за своите убедувања за да биде ослободен, тој никогаш не се поколебал во своите ставови.


По излегување од затворот на 24 јули 1957 година по само 2 години живот на слобода починал како резултат на болест добиена поради тешките услови во затворот.


Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов – Ченто, е обновен судскиот процес против Методија Андонов Ченто и на 22 октомври, по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година. На 22 октомври 2010 година, претседателот на Република Македонија Ѓорѓи Иванов постхумно го одликувал Ченто со „Орден на Република Македонија” орден кој го имаат само поранешните претседатели на Македонија и три реномирани македонски институции.

извор: bregalnicki.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum