Пандев и Елмас пристигнаа во Скопје тука е и Алиоски, Македонија ќе пишува историја!
Фудбалската репрезентација на Македонија полека се комплетира, а тројца од првотимците, Горан Пандев, Ељиф Елмас и Езџан Алиоски пристигнаа во хотелот ТЦЦ „Гранд Плаза“ и му се ставија на располагање на Игор Ангеловски.
За Пандев и Елмас се појавија шпекулации дека може да не пристигнат по одлуки на Џенова и Наполи, но еве ги, двајцата се во Македонија. Веднаш се стационираа во хотелот, а попладнево се очекува да го имаат и првиот тренинг.
Исто така со нив пристигна и Езџан Алиоски од Лидс Јунајтед. Од претходно тука се Илија Несторовски, Стефан Ристовски, Бобан Николов, Висар Муслиу…

извор : гол.мк во центар.ком