Пандемијата предизвика 120 милијарди евра загуба во Италија

Вкупната потрошувачка во Италија, според анализата и прогнозата на конфедерацијата на италијанските компании „Конфкомерчо“ (Confcommercio), годинава како резултат на пандемијата на Ковид-19, се намали за 10,8 проценти во споредба со минатата година или за 120 милијарди евра, јави агенцијата Анса.

Околу 350 илјади компании престанаа да работат, а отворени се нови 85 илјади. Како што пренесува агенцијата, меѓу фирмите кои се затворија како резултат на кризата предизвикана од пандемијата на вирусот, 225.000 мораа да затворат поради високата смртност, а 15.000 се затворени поради нискиот наталитет.

Меѓу секторите кои претрпеа најголема штета од пандемијата е текстилната индустрија, производството на облека и обувки, бензинските пумпи кои работеа малку затоа што сообраќајот меѓу регионите и градовите беше прекинат, туризмот и туристичките агенции, баровите, рестораните, а потоа оние компании што снабдуваат сè што е поврзано со рекреативни спортови.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum