Пад на туризмот за 65 отсто во споредба со истиот период лани
Бројот на туристите во октомври 2020 година бил 33 929 што е намалување за 65,1 отсто во однос на истиот месец лани, а бројот на ноќевањата 80 612 што е пад за 59,7 проценти.
Според Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е намален за 11,4 отсто, додека бројот на странските туристи за 87,4 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2020 година во однос на октомври 2019 година, е намален за 14 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 84,8 отсто.

извор: fokus.mk