(ФОТО) Ова е писмото кое Боки 13 ПОД ПРИСИЛА ГО НАПИШАЛ И ПОТПИШАЛ за случајот „Рекет“


Сашо Дуковски адвокат на Бојан Јовановски познат како Боки 13, сега веќе осуден за случајот „Рекет“  во вчерашното гостување на ТВ 24 рече дека Боки 13 под присила потпишал дека немал контакт со Зоран Заев.


– Многу е тешко да имате работа со држава. Му извадија едно писмо кое под присила го натераа да го потпише во затвор, дека немал никаков контакт со поранешниот премиер – рече Дуковски.


Наводно писмото било потпишано откако случајот „Рекет“ се повеќе беше поврзуван со Заев и имало за цел да се изземе Заев од случајот , а во замена за тоа Боки 13 да добие поблага или ослободителна казна како првообвинет во истиот случај.


Еве како изгледа во целост тоа писмо кое Боки 13 под присила го напишал и потпишал

„Во врска со таканаречениот случај ‘Рекет’ каде јас, Бојан Јовановски првоосомничен, чувствувам неопходна потреба да се обратам на јавноста во ова кусо соопштение. Ова соопштение го проследувам до сите домашни и странски медиуми преку своите бранители и замолувам да биде пренесено целосно и неселективно.


Во изминатиов период, по започнувањето на случајот ‘Рекет’ сум изложен на незапомнет линч кој е проследен со тенденциозни, безсмислени и измислени лаги и конструкции кои се пласираат во јавноста преку медиумите и преку поединци.


Во овој изминат период целосно е заборавено и не се почитува начелото на презумпција на невиност.


Во ова соопштение немам намера ниту да ја докажувам својата невиност во случајот ‘Рекет’, ниту да изнесувам детали кои би попречиле на истражната постапка. Својата невиност во случајот ‘Рекет’ ќе ја докажувам низ истражната и правната постапка.


Во ова соопштение сакам да издвојам неколку непобитни факти со цел да се запрат тенденциозните текстови, шпекулациите и невистините.


Во однос на нелегално снимените аудио и видео материјали од страна на лицето Јордан Камчев и истите тие нелегални материјали дистрибуирани во странски медиуми, во ова соопштение нема да изнесувам поединости и детали, само ќе потенцирам дека се селективно и тенденциозно презентирани со цел да направат компромитизација, дискредитација, уцена и безредие.


Вистината е сосема поинаква! Но, во интерес на истрагата нема да издвојувам повеќе детали.


Кусо ќе нагласам дека специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева делувала во секој момент согласно закон и никогаш во ниедна комуникација не ја злоупотребила својата службена положба.


Вистината е целосно различна од се она што се пласира во јавноста.


Во еден од тие нелегално снимени материјали се наведува дека јас го споменувам премиерот Зоран Заев. Категорично и одговорно тврдам дека со премиерот Зоран Заев сум имал средби кога гостувал во 1ТВ и сум имал средби во врска со активности поврзани со Meѓународен Сојуз Скопје, категорично и одговорно тврдам дека никогаш со премиерот Зоран Заев не сум имал разговори поврзани со таканаречениот случај ‘Рекет’.


Неговото име кое се споменува е извадено од контекст со цел дискредитација и компромитација. Во разговорот кадешто јас го споменувам името на премиерот Зоран Заев бев наведен од страна на соговорникот кој постојано инсистираше да го споменам неговото име и постојано поставуваше прашања за Зоран Заев, а јас непромислено сум го споменал неговото име, Зоран Заев, со цел да добијам на важност во разговорот со Јордан Камчев.

Во однос на грубите и бесмислени текстови кои се пласираат низ балканските медиуми дека јас сум имал некакви (непостоечки) докази поврзани со премиерот Зоран Заев и косовски политичар, Хардинај (кој патем, не знам ни како изгледа), ги отфрлам целосно, како бесмислени, категорично тврдам дека се груби лаги и ги осудувам како крајно непрофесионални и трагични за новинарската професија.


Во однос на тенденциозните шпекулации дека јас сум поседувал слики од СЈО, ги отфрлам целосно и категорично како невистинити.


Сакам да потенцирам дека ниту јас, ниту мојата мајка, ниту било кој друг од моето семејство има било какви докази.


Апелирам и замолувам да го оставите на мира моето семејство нанесувајќи им штета и загрозување на нивната безбедност со овие груби лаги.


Апелирам и замолувам, како рамноправен граѓанин на оваа држава, сите надлежни институции да ги превземат сите законски форми на заштита за безбедност за моето семејство” –  стои во затвореничкото писмо до медиумите Бојан Јовановски.

Сепак Боки 13 вчера по изречената пресуда даде сосема поинаква изјава од од содржината на ова писмо.


„Нема да се дадам во бегство, едвај чекам да отидам во обвинителството и да ги пријавам сите вистински кривични дела , знам дека ќе ми го продолжите притворот  Парите барајте ги кај Зоран и Вице Заеви“ рече Боки 13 пред судот откако му беше изречена казната.

Многубројните слики на Боки 13 со Заев сепак покажуваат дека тие двајцата често се среќавале и многу добро се познавале и неговата изјава вчера пред судот покажува дека неговото затвореничко писмо е напишано под присила.

Останува да видиме  што се напишале и потпишале Кирацовски, Ременски, Шекеринска, Богоев, Филипче и сите останати чии имиња беа поврзувани со случајот „Рекет“ а не влегоа истрагата и обвинителниот акт.

извор: vecer.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum