Ова е бизнисменот кој направи милиони рушејќи конкуренција во системот за јавни набавки

Анализа на Лидер – откриваме како преку злоупотреба на системот за јавни набавки некои луѓе од фармацевсткиот сектор се здобиваат со милионски профити.


Ристо Лузевски е македонски мултимилионер, човек познат како сопственик на брендот „Промедика“ кој функционира во неколку сектори. Еден од секторите во кој работи „Промедика“ и добива најголем дел од парите е токму увозот на, лекови и медицинска опрема во државава, лекови кои подоцна преку тендери завршуваат во јавното здравство.

Во изминатиот период, познато е дека Лузевски преку промедика добива тендери кои вредат десетици милиони евра, а познат е и по своите конекции во банкарскиот сектор.

Сепак, голем дел од овие тендери се добиени на противзаконски начин преку злоупотреба на системот за јавни набавки. Имено, Комисијата за заштита на конкуренцијата има утврдено дека две компании, зад кои стои Ристо Лузевски, изигрувајќи го системот ги подигале цените на продуктите на тендерите со што во изминатите години се стекнале со милионски профит на сметка на даночните обврзници во Македонија.


Документот од КЗК, до кој стигна Лидер јасно го потврдува ова, но од институцијата одбиваат да ја соопштат висината на казната која ја добила Промедика, во исто време извори од обвинителството за нашата редакција велат дека и кај нив била отворена постапка, но поради политички притисок случајот се чува во фиока.

Неофицијално дознаваме дека за ова дело, компанијата на Лузевски од КЗК била казнета само со 0,2% од годишниот обрт, што претставува минорна сума во однос на профитот кој тој го направил.

Наместо кривична одговорност за изигрувањето на системот, Лузевски добива уште поголеми пари од истиот систем! Покрај тоа што министерот Венко Филипче бил запознаен за оваа милионска малверзација, тој на Промедика и Ристо Лузевски им дал уште поголеми државни пари.

Се работи за рамковна спогодба која вреди неверојатни 480.129.480 денари (7,8 милиони евра) за Биолошка активна терапија, молекуларна таргет терапија и монокланални антитела.

Датумот на договорот е 14.08,2019, што е цели четири месеци по детектирањето на криминалот на Промедика од страна на КЗК.

За многу помали пропусти од оваа, компании добивале негативни референци и им се забранувало да учествуваат на државни тендери а камоли да прават вакви милионски рамковни спогодби.


Таков е примерот со една наша компанија, која само поради тоа што не успеала во предвидениот рок на Филипче да му испорача роба вредна помалку од петстотини евра, била суспендирана од учество на тендери.


Очигледно некои луѓе во Македонија се заштитени и наместо негативни референци за работењето, добиваат уште поголеми пари.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum