Османи инсистира во Комисијата за историски прашања со Бугарија да има и Албанец

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното „Само интервју“ на Канал 5 соопшти дека „инсистира“ во Комисијата за историски прашања со Бугарија да има и член Албанец.

„Тоа е можност да се создаде блискост, но и да се остави наследство дека Албанците биле важен чинител кога се решавале некои важни прашања. Се разбира дека работам на тоа и наскоро ќе има решение. И се разбира дека јас ги согледувам работите и го утврдувам моментот кога е најдобро да се направи тоа за да не се направи штета на процесот“, рече Османи.

Според него Комисијата е инструментот за решавање на проблeмот со Бугарија и дека тоа што ќе произлезе од неа е најодржливото решение. Тој ссмета дека е потребно Комисијата да одржи средба и пред декември, со што ќе компензира времето изгубено поради изборите.

Теоретски може политичарите да најдат решение, меѓутоа колку се тие одржливи. Затоа што секогаш ќе се гледаат од политички контекст, дека биле политички решенија а не биле на научни согледувања и решенија и утре кој било може да ги cпори тие решенија. И затоа сметам дека е најодржливо, најцврсти решенија ќе бидат тие што историчарите без влијание на политичарите ќе ги донесат како заклучоци, истакна Османи.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum