Осман Шукриу е нов директор на Националниот парк “Пелистер“ во Битола

Владата на синоќешната 24. по ред седница го именува Осман Шукриу за директор на Јавната установа Национален парк “Пелистер“ – Битола. Претходно, на 23 ноември до Владата, НП “Пелистер“ достави Одлука на Управниот одбор, кој во постапка спроведена по објавен јавен оглас за директор е избран Осман Шукриу.


Осман Шукриу до именувањето на оваа позиција беше заменик директор на Агенцијата за иселеништво, а како и неговиот претходник е од Ресенско.

Претходни директор на НП “Пелистер“ беше Амет Аџиу.


извор: bitolanews.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum