Општина Битола: Граѓаните да земаат витамини сезонски свеж зелеленчук по потреба суплементи и диети

Според мерните станици Битола 1 и Битола 2, последните денови има зголемување на вреднностите на ПМ 10 честичките. На мерната станица Битола 1 вчера во 19 часот биле измерени највисоки 266 микрограми на метар кубен, додека според податоците на мерната станица Битола 2 вчера во 17 часот биле измерени 376 микрограми на метар кубен.


Заради ваквата состојба, Општина Битола денеска излезе со соопштение за надминување на прагот на информирање. Во соопштението стои дека Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање , рокови за постигнување на граничните вредности , маргини на толеранција за гранична вредност , целни вредности и долгорочни цели во која е дефиниран прагот на информирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) надминување на вредноста од 100µg/m3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи , истиот е надминат во мерната станица Битола 1.


Според информациите на општината средните дневни вредности За период Битола 1 21.01.2021 102.634 ( µg/m3) 22.01.2021 127.214 ( µg/m3) Од општина Битола апелираат граѓаните да ги применат и поддржат препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање донесени во координација со Интерсекторската работна група за воздух во која членуваат и претставниците на Секторот здравство , во случај на надминување на прагот на информирање за PM10 , односно :


• да се користи јавниот превоз


• возилата да не се користат без поголема потреба


• да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума или било кој друг синтатички материјал


• правилно да се користат печките на дрва Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ги дава следните препораки :


• да се ограничи движењето и активностите на отворен простор на најранливата популација (деца,стари лица,болни од хронични болести на белодробниот и срцево садовен систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма ), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот .


• покрај ова, се препорачува земање на витамини (антиоксиданси), главно преку исхраната (свеж сезонски зеленчук и овошје), по потреба и додатоци односно суплементи.


• хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапиија од матичните лекари и да се придржуваат до препорачаниот диететски режим со намален внес на масна и солена храна.


извор: tera.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum