ОК ВМРО ДПМНЕ -БИТОЛА: ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕН КУЌАТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО БИТОЛА (ФОТО)

По повод одбележувањето на 149 години од раѓањето на големиот револуционер и апостол на ВМРО Гоце Делчев, Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ – Битола Пеце Милевски, заедно со претставници на Општинскиот Комитет, УМС на ВМРО ДПММЕ, УЖ на ВМРО ДПМНЕ – Битола положија цвеќе пред Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола.


Колку и да говориме за ликот и делото на Гоце Делчев ќе биде малку.Тој беше визионер кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, Почитуваниот Блаже Конески во далечната 1972 година точно на овој ден при полагањето на венци пред споменикот на великанот ќе рече: : „Еден обичај не собра да се поклониме пред споменот на великиот син на македонскиот народ, Гоце Делчев. Нè собра за да почувствуваме веднаш дека со овој чин не изразуваме само респект спрема една заслужна личност, ами дека тој чин ни открива со остар интензитет колку е интимно вткаен во нашата душевност овој светол лик.

Тој дејствува на нас со неодразимоста на легенда, без која нашиот дух би останал осиромашен“.

Во својот говор ќе го додаде и следното: „Во Гоце Делчев, простиот македонски човек виде не само идеолог, што ја сфаќа неговата тешка положба, ами собрат што ја носи неговата судбина. Уште пред да се даде историска оценка за Гоце Делчев, таа беше на оваа основа дадена во самиот народ и на таа основа веќе се раѓаше неговата легенда. Уште пред да се напишат почувствуваните зборови на неговите соборци во прослава на неговиот спомен, во народот со средствата на старата речитост околу ликот на Гоце Делчев се вршеше актуализација на мотивите од песните за јунаците во кои тој гледал свои закрилници“.

Гоце Делчев со својот лик и дело длабоко е навлезен во македонската традиција, и неа никој не може да ја преправа и пресоздава како што сака. Тој код е нешто што трајно нè одредува. Гоце беше човекот кој со голем хероизам го штитеше македонскиот народ, а неговите идеали се идеали на сите Македонци.

Денес стоиме исправени и горди на твоето дело. Твоето дело е од непроценливо значење за Македонија и македонците. Твоето име е свето за секој од нас.

Вечна ти слава војводо !


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum