Ограбени 20.000 евра од банкомат во Тетово додека завршувал полицискиот час


Тетовската полиција е во потрага на ограбувачи на еден милион и триста илјади денари кои се одземени насилно од банкомат на ТТК банка во Тетово во банкарска филијала на улица „Борис Кидрич” веднаш по завршување на полицискиот час.


Во 05.00 часот наутро насилно била отворена влезната врата од објектот и од банкоматот биле одземени четири каси со пари. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.


– ТТК Банка АД Скопје ја информира јавноста дека на 15 март 2021 година, веднаш по завршување на забраната за движење вон работното време на Банката, извршена е кражба на парични средства од банкомат лоциран во експозитурата АРМ во Тетово од непознат сторител. При кражбата одземени се околу 1,3 милион денари, соопштуваат од банката.


Претходно, на 1 декември во Гостивар исто така беа ограбени 30.000 евра од деловна банка од петчлена група, при што тројца од нив беа притворени.



извор: faktor.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum