Очигледно СДСМ нема срам го слави денот на образованието кога најбрутало е суспендирана науката


Очигледно СДСМ нема срам го слави денот на образованието кога најбрутало е суспендирана науката!


Очигледно во СДСМ никој нема ни срам ни перде. Во период кога на најбрутален начин е суспендирана науката, тие го славеле денот на образованието. Кога се преговара за коренот на македонскиот народ надвор од сите историски рамки и надвор од сите научни и морални дисциплини, тие го славеле образованието. Во периодот кога се прави една скандалозна, така наречена, реформа во образованието, кога се укинуваат предмети, кога се спојуваат предмети, кога се формираат предмети, без научни трудови, без од напред изготвен план, без претходна подготовка и анализа, без никаква дебата и покрај сите негодувања на сите релевантни здруженија на научници, професори, историчари, СДСМ го слави денот на образованието и науката.


СДСМ го слави денот на образованието во период во кој, околу 40.000 ученици немаат услови за следење на он-лајн настава, а притоа владата издвојува средства за помош на општини кои годишно, по основ на даноци, собираат едвај 1.000 денари.


СДСМ зборува за напредно образование во период во кој наместо да се направат услови за настава на учениците, се набавуваат лубриканти, се издвојуваат средства за Евровизија и се издвојуваат средства за набавка на нови службени возила за нивните функционери.

Колку СДСМ го унапредува образованието и колку СДСМ се грижи за образованието видовме во еден прес на Зоран Заев, кога самиот тој не го знаеше името на претходниот министер за образование. Колку се грижи СДСМ за образованието видовме и со претходните ребаланси, кога од образованието беа повлечени стотици милиони денари по разни основи.

Се слави образованието во период кога студентите по домовите јадат бајата храна, парче лепче, салама и сирење. Пијат загадена вода, спијат во простории со мувла и застарени услови и тонат во лажни ветувања дека еден ден, тука на нивното место, ќе изникне модерно, реновирано крило или цел нов дом. Но, сето тоа ќе биде по нивното дипломирање, односно кога ќе се смени власта.


Се слави денот на образованието во момент кога ни еден од нашите универзитети не е присутен во топ 1 000 универзитети на Шангајската листа. Се слави науката во време кога се суспендирани просветни инспектори поради тоа што детектирале неправилности во високото образование.

И за крај, без ниту грам срам се слави денот на образованието во моменти кога над 80% од матурантите протестираат и си ги бараат своите права со бојкот на наставата, а власта наместо да им ги решава проблемите, ги политизира настаните и бара политичка заднина во протестите на матурантите. Решете им го проблемот, па потоа ќе го славиме денот сите заедно.


Лицемерно е да го славиш денот на образованието кога имаш матуранти на улица, кога имаш 40.000 ученици надвор или со потешкотии во образовниот процес.

Но, проблемите во образованието не се решаваат со славење на денот на образованието, не се решеваат со укинување на историјата, со намалување на предметите, со нелогично спојување на научно неспојливи теми. Така се пропаѓа во дупка, така се растура образование, така се растура младината, така се растура државата.


Сработете па ќе славиме.


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum