Обвинителството одбило барање на МВР Ден Дончев да биде ставен на “Стоп” листа

Јавната обвинителка Вилма Русковска вчера потврди дека се води истрага за екс директорот на Фондот за здравство и рече дека не знае дали Ден Дончев е во Македонија.


Она што Русковска го премолче пред новинарите е дека таа како дел од обвинителството добила барање за ставање на Ден Дончев на таканаречената “Стоп” листа за да не може да ја напушти Македонија.


Како што брифираат извори во обвинителството барањето за обезбедување на Дончев за да не може да избега е примено пред неколку месеци но тоа не било прифатено откако против бил висок функционер во една политичка партија.


Според изворите барањето на МВР за спречување на Дончев да ја напушти Македонија било добро аргументирано но обвинителството било под силен притисок да не го става тогаш актуелниот директор на Фондот на листата за забрана на напуштање на Македонија.


Со признанието дека се води истрага и самата Русковска признава дека имало добри аргументи за блокада на патување на Дончев во странство.


Доколку се утврди дека Дончев сега ја напуштил државата еден обвинител соработник на Русковска и самата таа се соочуваат со истрага за неспроведување на барањето од МВР.

Што изјави за Дончев обвинителката Русковска

извор: expres.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum