НВО на министерката Ангеловска среде криза добила пари од Фондот за иновации

Невладина организација на министерката за финансии Нина Ангеловска среде епидемијата добила пари од Фондот за иновации.


Скандалозното откритие за пари од Фондот за иновации за чуварката на државната каса, го објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.


“Веб платформата „Дигитални Услуги“ изработена од невладината организација на министерката за финансии, всушност е копија на интернет платформа „Дигитална Солидарност“ во Србија. Оваа платформа во Македонија е платена со пари од Фондот за иновации како дел од јавниот повик „Креатон“, а е изработена од организација чиј што претседател е Нина Ангеловска и во чии органи на управување има луѓе блиски до владејачката СДСМ. Фондот за иновации продолжува да биде Фонд за СДСМ и за нејзините блиски. Министерката за финансии позната со нејзините изјави за ликвиден и буџет без проблеми на почетокот на кризата, сега веројатно е можно повеќе да се грижела како да ги одржи своите во невладината организација, отколку работниците во македонската економија”, вели Стоилковски.


Тој додава дека во моменти кога лидерот на Нина Ангеловска, Зоран Заев тврди дека административците се богателе со тоа што немале каде да ја трошат платата, и заедно со Ангеловска планирале кратење на платите, нејзините другари од СДСМ во НВО добиваат пари од Фондот за иновации.

“Ова е срамно и понижувачки, додека Ангеловска бара ДОНАЦИИ од граѓаните да ги враќаат парите од нејзиниот неуспешен проект „Мој ДДВ“, нејзината НВО да заработува од буџетот преку Фондот за иновации. Ангеловска и целиот тим на СДСМ покажуваат целосната несериозност во време на кризата и епидемијата, а овој скандал како и луксузните набавки од владата покажуваат нивна целосна одлепеност од реалноста. Најмалку што може министерката за финансии Нина Ангеловска е јавно да се произнесе за овој скандал, јавно да каже колку пари земала нејзината НВО од Фондот за иновации и секако да ги вратат парите земени од НВО земени преку Фондот за иновации”, тврди Стоилковски.

извор: експрес.мк

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum