Ново име на музичката сцена - Ангела Лавровска

Ангела Лавровска е родена на ден 17 Aвгуст 2002 година во Битола и учи во гимназијата СОУ „Таки Даскало“ - Битола.

„Од мали нозе сум ја сакала музиката и сум имала голема желба да ме слушаат сите како пеам. Сум пеела на многу училишни настани, конечно го дочекав и тој ден да го снимам и мојот прв кавер и се надевам дека во иднина ќе има многу повеќе кавери од познати песни па можеби и некоја моја песна. Мојата желба стана реалност, тоа ме прави да се чувствувам многу горда на самата себеси.“ - стои во изјавата на Ангела Лавровска за нашата веб страна на прашањето зошто баш музиката е нејзина пасија.


Во продолжение ви го прикажуваме каверот на Ангела, каде ја одбра песната „My heart will go on“ од Celine Dion. Каверот е направен во соработка со Христијан Петковиќ во студиото Tyrion Production.

Инстаграм: angelaa.jolii

Фејсбук: Ангела Лавровска

29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum