Новиот личен возач на Шилегов има само 19 години и не смее да вози човек

Опозицијата го обвинува скопскиот градоначалник за расипничко однесување во време на рецесија и на неполна година од истекот на мандатот.


Во град Скопје се вработува личен возач на Петре Шилегов, кој е роден 2001 година и треба да вози нов автомобил со високи перформанси, иако законот не го дозволува тоа, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.


Како што вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, автомобилот, „фолскваген пасат“, кој ќе му биде доделен на новиот личен возач на Шилегов, кој има само 19 години, не смее да го вози човек без две години возачко искуство.

– Нормално, момче родено 2001 година, со полни 19 години, никако не може да ги исполнува условите, бидејќи во тој случај, би требало да полага на 17 години, што е невозможно. И она што е најголем апсурд, се вработува нов личен возач на Шилегов, а во градот Скопје има дури 19 возачи кои се веќе во работен однос, рече Арсовски, на прес-конференција.

Тој посочи дека се вработува и раководител на сектор за заштита на животна средина.

– Ниту се видело, ниту се чуло, раководител во сериозна институција како град Скопје да биде вработен на определено време. Ова е апсурд најголем на свет, бидејќи оној што треба да биде одговорен за цел еден сектор на вработени, не е со постојано вработување во град Скопје, рече Арсовски.

Едно од вработувањата, според него, е и советник за јавно осветлување.

– Може Шилегов да излезе да поразговара и да прошета и граѓаните сами ќе му кажат каде не функционира осветлувањето поради неговата негрижа. Не му е потребен човек кој ќе го советува кои сијалици се прегорени или кои канделабри се искршени, вели Арсовски.

извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum