Новиот директор на Затворот во Шутка е менаџер на ноќни клубови – реагира Хелсиншки


Владата на Република Северна Македонија на седница одржана на 15.12.2020 година го разреши в.д. директорот на Казнено-поправната установа Скопје, Есад Рахиќ, а за нов директор го назначи Филип Андов, советник на премиерот Заев, кој претходно работел како менаџер на локални барови. Во изминатиот период беше разрешен и директорот на Воспитно – поправниот дом Волковија на негово барање, а за нов директор беше назначен Даниел Антовски, кој претходно работел како наставник, објави slobodenpecat.mk.


Директорот на установата и неговиот заменик ги именува и разрешува Владата на Република Северна Македонија на предлог на директорот на Управата. Потребните услови кои треба да ги исполнува едно лице за да биде назначено за директор или заменик директор на казнено-поправна установа се таксативно набројани во Законот за извршување на санкциите, а како еден од дополнителните услови е лицето да има најмалку седум години работно искуство, од кои четири години во областа на извршувањето на санкциите или сродни работи.

Текстот во целост на: slobodenpecat.mk.

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum