Нови 22.725 евра од Министерството за здравство за кондоми и лубриканти

Министерството за здравство потроши 22.725 евра за кондоми, лубриканти и тестови за брз скрининг на хив. Овие средства се потрошени во три различни договори склучени на 7 и 10 декември годинава.


Првиот договор во висина од 7.736 евра е потпишан со компанијата Фармас МН ДООЕЛ Скопје. Во вториот и најголем договор, склучен на 7 декември со МЕДИКОН ДООЕЛ, потрошени се 12.040 евра.


Со третиот договор годинава, потпишан со Сако Траде Велес, потрошени се 2.949 евра.

Минатата година за истата цел, Министерството потроши 20.106 евра. Тоа предизвика големи реакции во јавноста која го осуди овој потег на Министерството за здравство поради фактот што истовремено недостасуваат други клучни медикаменти, како инсулинската терапија, додека истовремено се трошат финансии за набавка на кондоми, лубриканти…


извор: makedonijadenes.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum