НОВ ПРОЕКТ НА ШИЛЕГОВ: За 40.000 евра 10 маси за шах и пинг-понг во пет скопски општини

Десетина пинг-понг маси ќе бидат поставени на отворени локации во пет скопски општини, најавува Град Скопје, на чие чело е градоначалникот Петре Шилегов.

– Со овие содржини просторот ќе стане поатрактивен и ќе го привлече локалното население, а и случајните минувачи да поминат дел од денот во овие простори, велат од Град Скопје.

Во Општините Аеродром и Центар ќе се постават две маси за пинг-понг, двојна маса за шах, двојна маса за табла и 2 клупи, а во Гази Баба, Ѓорче Петров и Карпош по една маса за пинг-понг, единечна маса за шах, единечна маса за табла и 2 клупи. Од буџетот на Град Скопје за овој проект се предвидени околу 40.000 евра.

Претходниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, вчера изјави дека на Шилегов му оставил 25 милиони евра во градската каса.

-Му оставив полна каса пари, милијарда и 250 милиони денари или околу 21 милион евра и дополнително 4 илиони евра кои се побарувања од Валдата за учеството за изградбата на спортската сала Борис Трајковски. Прибира некаде околку 35 до 40 милиони евра, од тие веќе 25 милиони му оставивме во касата. Имаше потпишано договори за капитални проекти, му оставив проекти во тек на изградба, исто така околу 20 проекти во документација, во најголем дел целосно завршени, а одреден дел беа распишани тендери за тие проекти, вели Трајановски.



извор: denesen.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum