Нов Планинарски дом на Пониква е во изградба

Привршуваат армирачко-бетонските градежни работи на Планинарскиот дом на Пониква, чија изградба е во рамки на проектот „Планински велосипедски рај”.


Објектот ја доби новата скелетна конструкција, а од стручните служби на Општина Кочани најавуваат продолжување на работите на кровната конструкција.


Планинарскиот дом ќе има 28 легла, распоредени во двокреветни и повеќекреветни соби, како и кујна, трпезарија и просторија за предавања и работилници.

–Реализацијата на проектот „Планински велосипедски рај” ќе придонесе за проширување на туристичкиот потенцијал, со посебен акцент на планинарството и планинскиот велосипедизам. Целта е да развиеме уникатно планинско авантуристичко искуство преку проект поврзан со туристичката инфраструктура, а што се вклопува во стратешките цели на Општина Кочани, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Работите од проектот „Планински велосипедски рај” се изведуваат со средства што од подгрантовата шема на проектот „Локална и регионална конкурентност” финансиран од ИПА 2 доверителскиот фонд на Европската Унија, а администриран од Светска банка.

За проширување на туристичкиот потенцијал и за создавање услови за развој на авантуристичкиот туризам на Осоговските Планини се наменети вкупно 30,6 милиони денари, од кои со десет проценти од сопствениот буџет учествува Општина Кочани.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum