Нонковиќ: 44 Милиони евра украдени се од издадената еврообврзница!

Според инсајдер од берзата во Лондон, обврзниците во моментов се тргуваат на 3.05 проценти камата, додека на денот на продажба на македонската обврзница, каматата била 2.9 отсто. Тоа значи дека Заев и неговата министерка за финансии Нина Групер, преплатиле 1.05 проценти повеќе камата од реалниот пазар.


Преведено во пари, точно 44,1 милиони евра повеќе ги чинела оваа еврообврзница македонските граѓани, пари кои е јасно дека завршиле како "рушвет" и добредојден кеш за предизборниот период во Македонија.


Но, банките имаат направено сериозен "престап" во процедурата, поготово што дента кога ја објавиле, тие немале купец за обврзницата на 3.64 проценти камата. Па, наместо истата да ја објават следниот ден повторно, тие ја прифатиле единствената понуда за камата од 3.95 отсто.

Оваа хаварија е настаната, меѓудругото и заради тоа што материјалот користен за промоција на обврзницата бил на ниво на африканските држави.


Според експертите од лондонската берза, во однос на македонската обврзница од 700 милиони евра, се работело или за краен аматеризам на министерката за финансии и ангажираните брокери или за договорена берзанска игра во која сите инволвирани страни намерно договориле штета од 44 милиони евра (во разликата на каматата), сума што од џебот на македонските граѓани заминува кај Заев/СДС и брокерите што им ја завршиле работата.


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum