Николовски: Им ја броиме секоја чаша вода на министрите

Борбата против криминалот и корупцијата, како и стеснување на просторот и можностите за трошење на функционерите и натаму се врв на агендата на Вкадата, но и на ресорот со кој раководи, порача денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. Во тој контекст тој најави дека неговиот кабинет во владина постапка предлага уредби за дефинирање и ограничување на тоа што е репрезентација, колку може министер или заменик министер или директор да потрошат. Дополнително, додаде Николовски, ќе бидат разрешени сите кај кои ќе бидат констатирани неправилности во работењето, истo како што тоа било случај и досега.

-Имаме разрешени повеќе директори, заменици директори, претседатели на управни и надзорни одбори… отколку што предложила Државната комисија за спречување на корупцијата, за кои информациите стасаа до мене директно од граѓаните и медиумите, рече Николовски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на сепарацијата за песок и чакал во Долно Коњаре. Тој додаде дека како што стигнуваат иницијативите од ДКСК до неговиот кабинет, така и се постапува и оти тоа така ќе продолжи и во иднина.

-Дали иницијативите биле доставени на друго место ќе ги прашате од ДКСК, мислам дека го уредивме и тој дел секоја иницијатива да стасува и до нас. По секој основ каде е констатирано прекршување, вклучително и на кодексот, етичките норми и највисоките етички вредности кои ги промовираме секаде, се постапува, рече Николовски, додавајќи оти е уверен дека соработката со оваа институција ќе продолжи да оди по нагорна линија. Тој истакна дека сега функционерите се однесуваат многу поразлично од тие во минатото.

-Многу е различно сега со овој кодекс од 2017 година наваму, кога ниту министрите во најголем дел не користат службени картички и им се брои секоја чаша вода. Нема такви функциоери кои сега се лукзузираат и трошат на таков начин. Ако може да се откажеме од привилегиите, да правиме се да се намалат дискрециските права навистина мислам дека тоа треба да се почитува и бараме поддршка тоа да се направи не само за министрите и замениците, туку за секој еден избран функционер од Владата, за секој раководител на институција формирана од Владата или препораките за општините, потенцира вицепремиерот.


извор: fokus.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum