Николоски: ВМРО-ДПМНЕ излобиpa бугарските ycлови да не влезат во заклучоците на ЕУ

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период активно работеше со земјите од Вишеград 4 за да спречат условот историја да влезе во заклучоците на ЕУ


-ВМРО-ДПМНЕ работеше со четирите држави од Вишеград 4 за да спречат условот историја да влезе во заклучоците на Европската унија, ова ексклузивно денес го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емијата Стадион на Канал 77.

Во ова гостување тој го коментираше ветото од страна на Чешка и Словачка за заклучоците за проширувањето во Европската унија каде што истакна дека реакцијата на овие две држави и нивното несогласување за условувањето за делот на историја, јазикот и сопствената итерпретација на историјата да бидат услов за членство во Европската унија е координирана.


Тој нагласи дека во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ активно ги информирале своите пријатели што и се случува на Македонија. Николоски додаде дека сега сме во ситуација каде што Чешка и Словачка се поголеми патриоти од Зоран Заев.


– Постои една група во ЕУ која се вика Вишеград 4, во која што учествуваат Чешка, Унгарија, Словачка и Полска. Во четирите влади ние имаме големи пријатели, од тие влади, 3 припаѓаат на Европската народна партија (ЕПП), а четвртата припаѓа на европските конзервативци, кои што се подесно од Европската народна партија, изјави Николоски

Исто така додаде дека има други работи кои не се сплет на околности, а јавноста не е информирана, како тоа што токму министерот за надворешни работи на Македонија, иститот ден кога Чешка и Словачка ги блокираа заклучоците на ЕУ, бил примен во Унгарија од страна на министерот за надворешни работи на Унгарија, Петар Сијарто, а групата Вишеград 4 секогаш ги координира своите настапи. Николски истакна дека последен пат вакваа координација имало кога се усвојувал Буџетот на Европската Унија.


– Оваа група Вишеград 4 е голем поддржувач на проширувањето на ЕУ, но исто така е голем поддржувач на Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ таму има големи пријатели, почнувајќи со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, преку премиерот на Полска, Моравјецски, продолжувајќи со премиерите на Чешка и Словачка, кажа Николоски


извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum