НЕЗАДОВОЛНИ ОД ДРЖАВНАТА ПОМОШ УГОСТИТЕЛИТЕ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТ



Незадоволни од државната помош угостителите излегоа на протест. Три часа ја блокираа главаната раскрсница кај Автокоманда. Бараат владата итно да им дозволи да работат, да организираат свадби и други прослави под строго утврдени протоколи. Велат дека цела година се со клуч на врата, без приход, со минимална помош, а притоа мора да ги сервисираат давачките кон државата. Бараат да бидат опфатени со посебен пакет, затоа што нивните загуби се многу поголеми од другите дејности. Ако не им се излезе во пресрет ќе продолжат со блокадите.

Претходно министерот Бектеши посочи дека угостителите досега биле доволно поддржани, а протоколи носи Комисјата за заразни болести.

Тие добија поддршка и од музичарите, ноќните клубови, атељеата за венчаници, цвеќарниците, шминкерите, фото студијата, дејностите поврзани со свадбените веселби. Откако е почната пандемијата поради Ковид-19 ова е прв протест на угостителите.


извор: sitel.com.mk



29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum