Неверојатното искуство на Ентони Хопкинс покажува дека случајностите не постојат

Секој од нас, барем еднаш бил во ситуација да не можел да ја објасни неверојатната случајност што му се случила.


На пример, кога сакате да се јавите на пријател со кој долго време не сте се чуле, се случува и пријателот да сакал да ви се јави во исто време. Понекогаш се случува случајностите да се толку неверојатни па е тешко и да се поверува во нив.


Познат е и примерот на славниот холивудски актер Ентони Хопкинс, кој се подготвувал за улога во филмот „The Girl from Petrovka”, според книгата на Џорџ Фајфер. За што подобро да се соживее со улогата, му била потребна оригиналната верзија на книгата која не можел да ја најде во книжара или библиотека. Хопкинс изгубил надеж дека некогаш ќе успее да ја најде книгата, а потоа еден ден сосема неочекувано наишол на примерок од книгата која била оставена на клупа во метро.


Потоа, кога одел на снимање на филмот, актерот на аеродромот го сретнал авторот на книгата, Џорџ Фајфер. Тој му се пожалил на Хопкинс како му го позајмил на пријателот највредниот примерок од книгата и тој никогаш не му го вратил, а во тој примерок биле неговите белешки. Тој пријател, како што му објаснил Фајфер, ја изгубил книгата некаде во метро.

Како ова може да се објасни?


Се чини дека сите случувања во светот, сите луѓе и сите информации се поврзани со невидливи нишки што понекогаш доаѓаат до израз. И, според зборовите на славниот швајцарски психолог и психијатар Карл Јунг, тоа е всушност вистина. Овој феномен е познат како синхронизација. Јунг дошол до заклучок дека постои блиска поврзаност помеѓу личноста и нејзиното опкружување. Попрецизно, постои поврзаност помеѓу човекот и просторот, времето, свеста и потсвеста. Во поединечни моменти на тоа време, а под влијание на одредени објективни значења кои се поврзани со личноста, се јавуваат силни привлекувања. Тие привлекувања предизвикуваат неочекувани случајности кои ги нарекуваме фатални несреќи, судбина, неверојатна среќа, па дури и чудо.


Колку е поголема поврзаноста помеѓу вас и луѓето од вашата околина, поголема е и веројатноста, малите работи да станат важни. Такви работи може да бидат реклами, песни, средби, разговори или мириси.

Се разбира, не постои сигурност за постоењето на ваквиот феномен.


извор: fakulteti.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum