Нервозен пензионер натепа продавачка со метла во Велес, втор случај за десет дена!

Триесетичетири годишна продавачка во Велес вчера пред десет часот била физички нападната од нејзин сограѓанин, 68-годишен пензионер.


Додека таа метела во продажниот објект, тој и ја зел метлата од раце и започнал да ја удира со неа. Жената го пријавила случајот во полиција, од каде за ,,Фокус” велат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


-Се работи на случајот, се уште ги немаме деталите која била причината за физичкиот напад врз продавачката – велат од СВР Велес.


Ова е втор случај во Велес кога повозрасен велешанец физички се пресметал со продавачка. Пред десет дена, касиерка беше удирана со шлаканици од страна на 61-годишен купувач во маркет, кој ја обвинил дека му вратила помалку кусур. И тој случај беше пријавен во полиција, од страна на 37-годишната касиерка.



извор: fokus.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum