НЕ Е ДОБРО ДА СТОЈАТ ПАРИ НА СТРАНСКА СМЕТКА: Заев за повлекувањето на авансот


Министерството за здравство објави вчера дека е повлечен авансот за кинеските вакцини, јас само можам да го потврдам тоа, истакна премиерот Зораан Заев денеска на настанот пред Универзалчната сала, каде што Град Скопје ја најави реконструкцијата на овој културен објект.


Премиерот истакна дека парите се повторно на сметката на МНинистерството за здравство и дека практично се чека потврда од кинеското МНР.


-Не е добро да стојат пари на странска сметка, но процедурата е во тек. Јас и денеска чекам инфортмација од Кина, за веднаш да ја продолжиме постапката за набавка на кинеските вакцини. Не можеме да си дозволиме пари да лежат во оваа земја додека не се заврши постапкаа. Ќе чекаме прво да се заврши работата, па потоа да ги уплатиме парите. Денеска очекувам позитивен сигнал или информација од Кина за веднаш да ја почнеме таа постапка. Има и втора постапка за набавување 200.000 вакцини, а формализирани се и постапките за руската вакцина, истакна премиерот Заев.


Истовремено, тој потенцираше дека не може да се каже конкретен датум кога ќе пристигнат вакцините во земјава, заради тоа што, како што рече, заради проблемот со производството од страна на фармацевтските компании.



извор: faktor.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum