Наместо во изолација, министерката Славјанка излезе на прес!

Според соопштението на СДСМ од 1 јуни, Петровска е во самоизалција, односно треба да е во самоизолација, дури и да е тестирана. Единствен начин е средбата со носителот на вирусот да била пред повеќе од 14 дена, но засега нема таква информација, ниту за тоа некој ја праша.


Еве го соопштението на СДСМ од 1 јуни прнесено од медиумите:

„По извршените тестирања потпретседателот Мухамед Зеќири и членката на ЦО, Сања Лукаревска имаат позитивен тест на Ковид-19.


„Согласно здравствените протоколи и заради превенција, во самоизолација се сите лица кои имале ризични контакти со нив, како Дамјан Манчевски, Мила Царовска, Марјан Забрчанец и Славјанка Петровска.


По напревените тестирања информираме дека потпретседателката Мила Царовска и потпретседателот Дамјан Манчевски имаат негативни резултати, но остануваат во самоизолација согласно препораките.


СДСМ од почеток на пандемијата на дело покажува што е одговорно однесување, ги почитува сите протоколи, мерки и препораки за заштита на здравјето на секој поединец.

Во СДСМ состаноците и партиските активности се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средства за претходна и последователна лична дезинфекција.


Во седиштето на СДСМ обезбеден е протокол и услови за лична дезинфекција, поставени се соодветни средства за оваа намена секаде, се прави редовна дезинфекција на сите простории, се почитува физичката дистанца како и насоките за носење заштитна опрема како маска или марама.


Апелираме сите граѓани без исклучок да ги почитуваат мерките и задолженијата за спречување на ширење на заразата. Само на тој начин ќе го заштитиме личното, но и јавното здравје“!


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum