Наместо корекција на плата КАКО НАГРАДА, здравствените работници добиле платежни картички со 50 евра

Наместо награда од 40 проценти од последната нето плата, дел од здравствените работници добиле платежни картички за купување на домашни производи со по околу 50 евра. Шокирани се од сумите. За Телма велат дека е несериозно, некој да си игра со нивното достоинство, во ситуација кога тие се во првите борбени редови во справувањето со опасниот вирус. Според ветувањето на Владата дека околу 4.400 медицински лица ќе добијат 40 проценти од платата, а нивните плати се над просечните, очекувале дека ќе добијат најмалку по 200 евра.


Од Генералниот секретаријат на Владата знаат за проблемот. Генералниот секретар Рашковски за Телма вели дека имало проблем во списоците кои ги испратил Фондот за здравство.


„Имаше пропусти во списоците на Фондот за здравство, веќе се корегирани и лицата ќе си го добијат полниот износ- изјави Рашковски.


Од Фондот пак топката ја префрлија кај Здравствените установи. Велат погрешните подартоци ги добиле од нив, по што ги корегирале грешките.


Но, ова не е единствениот список во кој имало проблеми. Проблематичен бил и тој на Министерството за образование, откако јавно излезе дека пензионери се добитници на платежнин картички, а на списоците нема дел од редовните средношколци и студенти. Владата побарала од организиран криминал на МВР истрага за тоа кој ги вметнал лицата во списоците.

извор:vecer.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum