Наќе Чулев: Апелирам политиката да ја тргнеме на страна и да се издигнеме над партиските интереси

На својот Фејсбук профил пред неколку минути се огласи министерот на МВР, Наќе Чулев во врска со ситуацијата во државата, каде според него Пендаровски требало да се консултира со најважните институции во државата пред донесување на одлуката за непродолжување на вонредната состојба.


„Прво, носењето на одлуката за непродолжување на вонредна состојба без да се консултираат најважните институции во државата отвора кај мене сомнеж дека одлуката е донесена повеќе врз основа на политичко влијание, а многу помалку врз основа на стручното мислење и реалните аргументи со кои располагаат институциите, стручни аргументи кои до сега беа тема на дискусија на седниците на Советот за безбедност.“


„Второ, Претседателот Пендаровски во одговорот на новинарските прашања истакна дека при донесувањето на одлуката се консултирал единствено со Министерот за здравство, но веројатно не чувствувал потреба да се консултира и со Министерот за внатрешни работи од истата Влада, кој раководи со институцијата која во голем дел е вклучена и има одговорност за справување со коронавирусот.“


„Трето, во дел од изјавата индиректно ме обвинува за непостапување на Министерството за внатрешни работи и овие обвинувања се паушални и неосновани и истите се темелат единствено на изјави на одредени политичари од власта, а не на постапувањето на полициските службеници и бројот на констатирани прекршоци од страна на МВР за што говори и бројот на поднесоци до надлежните институции.“


„Уште еднаш апелирам политиката да ја тргнеме на страна и да се издигнеме над партиските интереси, во таа насока важно е да не дозволиме здравствената и економска да прерасне и во политичка криза.“ - стои во објавата на Наќе Чулев на својот Фејсбук профил.


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum