Најнови анализи: Дали вакцините против коронавирусот можат да предизвикаат стерилитет?


Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар откри дали вакцините имаат влијание врз потомството.


Лончар, денеска во Собранието изјави дека не се точни приказните дека не треба да се вакцинираат оние што треба или сакаат да создадат семејство.


Одговарајќи на прашањето на пратениците во српскиот парламент, зошто никој од експертите јавно не објасни дека не е точно дека луѓето што сакаат да основаат семејство не треба да се вакцинираат, Лончар ги замоли сите одговорни лица во Србија да не веруваат во шпекулации и рекла казала муабети што не се поддржани со факти.


Ако имаше проблем, ние први ќе кажевме дека има проблем и дека вакцината може да предизвика некои последици или дека не е добро некој да ја прима. Кога некој ќе ви каже дека нешто влијае на бременоста или што било друго, замолете ги тоа да го поддржат со некои докази, кога и каде е тоа докажано, и кој стои зад тоа, рече Лончар.


Тој вели дека само така нема да се создаваат уште поголеми проблеми и да се отежне борбата со короната.

Инаку, Србија и понатаму е втора во Европа според бројот на вакцини на милион жители и прва во регионот.


Досега 473.087 лица се вакцинирани против коронавирус во Србија, а таа е на второ место во Европа според бројот на вакцинации на еден милион жители, објави Владата на Србија.

Само Велика Британија е подобра од Србија, според бројот на вакцинации на еден милион жители, по што следат Малта, Исланд, Данска, Ирска, Словенија, Романија, Литванија и Португалија.



извор: vocentar.com

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum