Најголем дел рамковните административци ќе бидат распределени во МВР, УЈП, Царина

Во рок од седум дена 1,357 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор треба да си ги подигнат решенијата за трансфер во друга институција, истакна вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артaн Груби.


Груби вели дека тие веќе нема да имаат право да пребираат друго работно место, туку ќе им биде понудена единствена опција.


„Ако по било кој основ било кој од нив не дојде да го земе решението во рок од седум дена му се прекинува работното место“, вели Груби.


Тој ги наброја некои од институциите каде овие лица ќе бидат прераспределени, а најголем дел ќе бидат вработени во МВР, Управата за јавни приходи, Државното правобранителство и во Царинска управа.


Во однос на иселените лица, Груби вели дека направена е претходна проверка по однос на тоа прашање и веќе се доделени отказни решенија, а некои од тие луѓе и самите побарале да им се прекине работниот однос.



извор skopje1.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum