Над 25 проценти од младите Американци размислувале за самоубиство поради пандемијата

Ново истражување на американскиот Центар за контрола и спречување болести покажува дека жителите на САД поминуваат низ огромна криза со психичкото здравје.


Според истражувањето, 25,5% од младите Американци на возраст помеѓу 18 и 24 години размислувале за самоубиство во периодот од мај до јуни поради пандемијата. Во сите старосни групи заедно, 10,7% од испитаниците размислувале за самоубиство. Најголем дел од испитаниците што го изјавиле ова се од малцински групи или работат во основните индустрии.

Дури 40% од испитаниците имале барем еден проблем со менталното здравје, како анксиозност, депресија, траума или стрес, поради пандемијата. Луѓето со анксиозност се тројно побројни во споредба со вториот квартал од минатата година.


Од испитаниците, 13,3% изјавиле дека почнале да користат дрога и алкохол за да се справат со стресот за време на пандемијата.


Анкетата била спроведена онлајн на 5.412 Американци, што претставува мал број во споредба со целото население на САД, а тоа значи дека можеби не треба да се донесе генерален заклучок врз основа на овие резултати.


Во меѓувреме, агенцијата ги советува истражувачите да истражат кои фактори се причина за проблемите со менталното здравје на жителите. Од агенцијата препорачуваат зајакнување на економската поддршка, решавање на расната дискриминација и поддржување на оние што имаат најголем ризик за самоубиство.


Автор: Виктор Тангерман

Извор: futurism.com




извор: fakulteti.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum