НАЦИОНАЛНА ГЕОГРАФИЈА, од 1917 година репортажа за Битола и жена која се претставува како Македонка

И покрај тоа што бугарските власти во неколку наврати кажаа дека нивните барања не одат во правец да го негираат македонскиот идентитет, вицепремиерот Красимир Каракачанов вчера во телевизиски настап го демонстрира точно спротивното.


Повторно го спореше нашиот долговековен идентитет излегувајќи со тврдење дека македонската нација постои од 1944 година. “ Нема како да претендираш на Бугарската историја и нема како да не им се извиниш на тие луѓе кои си ги тепал и тормозел со десетици години зашто биле Бугари и да ми кажеш дека имате долговековен идентитет , од кога го имате тој идентитет со векови?!..Да не отвараме друга тема како беше создаден тој идентитет за време на 1944 година со убиства, насилства и репресии врз Бугарите.”- Красимир Каракачанов

Кога ќе се потсетиме на ваквата бугарска реторика тогаш сосема оправдано делуваат изјавите на премиерот Зоран Заев, кои до некаде ја откриваат целта на бугарските тенденции .

За невистинитите историски факти на бугарските претставнци најдобра илустрација се и написите уште во почетокот на 20-тиот век на многу новинари и патеписци од еминентни странски списанија. За трагичните моменти и злосторства направени врз Македонците од страна на Бугарската војска за време на Првата Светска Војна пишувал и новинарот Херберт Кори кој бил воен известувач на еден од најстарите магазини „National Geographic” кој денес имаат дури и ТВ канали. Тој патувајќи низ Македонија опишувал убиства, бесење, гранатирање,злосторства извршени од тогашната Бугарска војска а во еден од неговите текстови од 1917-та година раскажува и за средбата во Битола со повозрасна жена од која добил одговор дека таа не е ниту Бугарка, ниту Србинка, туку : “Јас сум Македонка и преку глава ми е од војни.”” Ова е само еден од моментите од специјалноти издание на магазинот насловено “По патот накај Битола”, а оригиналното списание се наоѓа во продажба и на онлајн продавниците на Амазон и Ebay. Во друг текст Кори пишува за исповед на македонски селанец од селото Сливица, кој сведочел за суровоста на бугарската војска при бесењето на македонски поп.При испрашување за тој настан од страна на српски офицер...

-Селанецот продолжи :„Бугарите рекоа дека ќе го обесат нашиот Поп на пладне ако не им дадеме 200 динари“, импресивно рече селанецот. 'Што направи?' го праша српскиот офицер кој ја спроведуваше истрагата. Селанецот објасни дека жителите на Сливица се многу сиромашни. Немале 200 динари. Понатаму, повеќето од жителите на Сливица се криеле во ридовите кога дошле Бугарите.„Значи, единственото нешто што можевме да го сториме за нашиот Татко( претходниот нивен македонски Поп )“, рече селанецот, весело, „беше да ги замолиме Бугарите да го одложат настанот за во 4 часот. Тоа ќе им даде време на нашите луѓе време да се симнат од ридовите и да го видат обесен нашиот татко“ –стои во текстот. Новинарот Кори при крајот на својата патеписна репортажа која ја правел заедно со трупите на Алијансата, односно Српските , Германските и Француските војници кои имале задача да ја истераат Бугарската војска навор од Македонија, забележува што правела истата таа Бугарска војска при повлекувањето.

“ Тие го гранатираа градот Битола секој ден до средината на април и можеби сега го гранатираат, затоа што не сум таму сега.Тоа беше дури и одвратен вид на гранатирање што тие го изведоа . Иако имале доволно количество на топови, понекогаш фрлале околу 210 гранати среде шеталиштето на градот само за да го докажат тоа, најголемиот дел од пукањата кон градот се одвивале со т.н. теренските парчиња од 77 калибар. “

За маките и страдањата кои ги доживувале тогаш во далечната 1917 год, од страна на Бугарската војска , Кори објаснува дека Алијансата дозволилa уплашеното население да го напушти градот поради константите напади од Бугарите па вели

„Еден по еден им беше дозволено да заминат, но кога ја видов Битола за последен пат, во јануари ( 1917 год. н.з. ), половина од неговото население сè уште се криеше во визбите и се надеваше дека Бугарите ќе бидат протерани. Улиците беа празни“

Во ова сто години старо издание, покрај текстовите новинарот Кори вметнал и автентични фотографии од Првата Светска Војна, материјали преку кои се гледа дека уште тогаш нашата земја е дефинирана како Македонија, жителите како Македoнци, а бугарската војскa како окупатори кои вршеле малтретирања на македонското население во периодот на Војната на Нациите која траелаодјули 1914 до 11 ноември 1918.



извор: kanal5.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum