На светот му се заканува глобално должничко цунами

Глобалниот долг ќе достигне рекордни 277 милијарди долари до крајот на годината, како резултат на понатамошното трошење на владите и компаниите како одговор на пандемијата на коронавирусот.


Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), чии членови се повеќе од 400 банки и финансиски институции ширум светот, глобалниот долг се зголеми за 15 милијарди долари до септември, на 272 милијарди долари.


Речиси две третини од тоа зголемување се однесува главно на развиените пазарни земји, објави Спутник.

„Постои значителна неизвесност за тоа како глобалната економија може да се раздолжи во иднина без поголеми негативни последици врз економската активност“, се вели во извештајот, предупредувајќи на „напад на должничкото цунами“.

Вкупниот долг на развиените земји, се вели во извештајот, скокна на 432 проценти од БДП во третиот квартал, што претставува зголемување за 50 проценти во однос на 2019 година.

ММФ додава дека вкупниот американски долг е на пат да достигне 80 милијарди долари оваа година во споредба со 71 милијарда во 2019 година.


Што се однесува до еврозоната, долгот се зголеми за 1,5 милијарди, на 53 милијарди долари. Сепак, тоа е помалку од рекордните 55 милијарди долари во вториот квартал од 2014 година.

Учеството на долгот во БДП на земјите во развој достигна речиси 250 проценти, пренесува РТ.

Либан, Кина, Малезија и Турција се соочуваат со најголемо зголемување на долгот во нефинансискиот сектор.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum